Беласица забележа убедлива победа од 3:0 на стадионот “Благој Истатов” во Струмица против екипата на Осогово од Кочани.
Одличната игра на домаќините во текот на целиот натпревар, резултираше со сигурна и убедлива победа. Резултатот го отвори капитенот Милушев Александар во последната минута од првото полувреме. Паноски Игор во 66. минута го зголеми водството, а конечниот резултат за 3:0 го постави Мирчевски Мартин во 92. минута.
Беласица со оваа победа е втора на табелата со 15 бодови и има бод помалку од лидерот на табелата Тиквеш, додека Осогово останува на деветтата позиција со 3 освоени бодови.
Во следното коло екипата на Беласица ќе игра против Питу Гули од Крушево на гостински терен.