Ракометарите на Астраион во 3. коло од Првата ракометна лига – Група 1, ќе гостуваат кај МРК Куманово во Куманово.
Судиска двојка за овој натпревар ќе бидат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Цано Куртовиќ исто така од Скопје.
Натпреварот се игра во сала Куманово, со почеток од 18:30 часот.
Македонија ЃП на домашен терен ја пречекува Риниа М, РК Прилеп во Прилеп ќе биде домаќин на Текстилец од Штип, Вардар Неготино го пречекува Јуниор К.В., додека екипата на Алушевски во оваа коло е слободна.