Вардар и Академија Пандев во недела ќе се соочат во натпревар од 8. коло од Првата македонска лига.
Натпреварот ќе се игра на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, со почеток од 15:00 часот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Качевски Јован од Струга. Негови помошници ќе бидат Грданоски Симон и Бакрачески Разме исто така од Струга.
Четврт судија на овој дерби натпревар ќе биде Шаќири Албрим од Струга. За делегат е одреден Крстев Сашко од Неготино, додека за контролор е одреден Шуклев Благој од Стојаково.