Екипата на Беласица во сабота во натпревар од 6. коло од Втората лига – Исток, на стадионот “Благој Истатов” во Струмица ќе игра против Осогово од Кочани.
Беласица во моментот е на второто место на табелата со 12 бодови и има негатива од еден бод во однос на Тиквеш кој е прв. Од друга страна, Осогово е деветти на табелата со 3 освоени бодови.
Беласица на овој натпревар ќе важи за фаворит на хартија, бидејќи има подобра форма, но и тоа што игра на домашен терен ќе биде во нивна полза. Сепак останува да видиме дали ќе биде така и на терен.
Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот.