Екипата на РК Астраион утре со почеток од 19:30 часот во салата “Парк” во Струмица, ќе го одигра натпреварот од 2. коло од Првата ракометна лига – Група 1, против екипата на РК Вардар Неготино.

За ракометарите на Астраион оваа ќе биде прв натпревар во новата сезона, бидејќи во првото коло беа словодни, но одиграа пријателски натпревар со ХК Пирин – 64 од Гоце Делчев, Бугарија.
Судиска двојка за овој натпревар ќе биде Христовски Војо од Скопје и Мајнов Бобан, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Наумовски Русе од Скопје.