Во среда Академија Пандев ќе го одигра Куп натпреварот против Осогово од Кочани, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Идризи Фуркан од Тетово, негови помошници ќе бидат Јовчевски Дарко и Љиворека Хабиљ од Тетово. Четврт судија на натпреварот ќе биде Тефику Ндерим од Куманово, додека за делегат е одреден Леов Борис од Велес, а контролор ќе биде Јосифов Зоран од Кавадарци.
„Пандевци“ во новата сезона во Првата лига се уште немаат претрпено пораз, додека Осогово во Втората лига – Исток има 4 порази и една победа.
Натпреварот се игра со почеток во 15:30 часот.