Екипата на Академија Пандев, во среда ќе го одигра натпреварот од Купот на Македонија, против екипата на Осогово од Кочани.
Академија Пандев во Првата лига е единствената непоразена екипа оваа сезона и се наоѓа на второто место со 15 бодови, бод помалку од лидерот Вардар, додека второлигашот Осогово во Втората лига – Исток, има четири порази и една победа и со три освоени бодови е на деветтото место на табелата.
Куп натпреварот помеѓу Академија Пандев и Осогово ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, во среда со почеток од 15:30 часот, а влезот ќе биде слободен.
