Вчера беше одиграно 2. коло од Третата лига – Југосток, каде екипата на ФК Тиверија забележа победа, а екипата на ФК Спартмани запиша втор убедлив сезонски пораз.
Фудбалерите на Тиверија во второт коло забележаа сигурна и убелива победа, совладувајќи го Дојранско Езеро со високи 7:3. ФК Спартмани и во 2. коло запиша пораз, овој пат во Радовиш од екипата на Детонит со високи 6:0.
Во Делчево, Брегалница со 5:0 го совлада Младост од Удово, додека Василево го загуби дербито со Слога од Виница со резултат од 0:2, а Овче Поле со 6:0 го декласираше Малеш од Берово.
По 6 освоени бодови имаат екипите на Овче Поле, Слога и Виница, Детонит, Раклиш, Василево и Брегалница од Делчево имаат по 3 бода. Без бодови се екипите на Дојранско Езеро, Младост, Малеш и Спартмани.
Во следното коло, Тиверија ќе гостува во Берово кај Малеш, додека Спартмани ќе биде слободен.