Екипата на ФК Тиверија од Струмица забележа убедлива победа на домашен терен, откако во натпревар од 2. коло од Третата лига – Југоисток со високи 7:3 го потопи Дојранско Езеро од Дојран.
Тиверија покажа доминација на теренот во текот на целиот натпревар, а тоа по потврдија со постигнатите 7 погодоци во мрежата на екипата од Дојран.
Тиверија по оваа победа има максимални 6 бодови и се наоѓа на третото место на табелата, а исто 6 бодови имаат и Слога која е втора и Овче Поле кој е прв.
Во следното коло Тиверија ќе гостува во Берово кај екипата на Малеш, додека Дојранско Езеро ќе биде домаќин на делчевска Брегалница.