Екипата на Беласица на вчерашното гостување во Радовиш, забележа минимална победа од 0:1 против Плачковица, во натпревар од 5. коло од Втората лига – Исток.
Фудбалерите на Беласица со оваа победа се втори на табелата со 12 бодови, додека Плачковица е седма со 4 освоени бодови.
Во следното коло Беласица ќе биде домаќин на Осогово од Кочани, додека Плачковица ќе има тешко гостување во Гевгелија кај Кожуф.
Лидер на табелата по пет кола е Тиквеш со 13 бодови, додека на дното од табелата се Питу Гули, Осогово и Победа со по три бода.