Фудбалерите на Тиверија во 2. коло од Третата лига – Југоисток, ќе играт против екипата на Дојранско Езеро.
Во првото коло Тиверија на гостински терен кај Младост во Удово забележа сигурна и убедлива победа од 2:4, додека Дојранско Езеро во Дојран беше поразен од Овче Поле со 1:2.
Екипата на Спартмани ќе патува во Радовиш, каде ќе игра против ланскиот второлигаш Детонит, Овче Поле ќе игра на домашен терен против беровски Малеш, Василево ќе биде домаќин на Слога во дерби натпревар од 2. коло и Брегалница од Делчево на домашен терен ќе игра со Младост Удово.