Екипата на Академија Пандев во недела ќе го пречека Шкупи, во натпревар од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ се лидери на табелата со 14 бодови, а во претходно коло одиграа нерешено (1:1) во Струга, со екипата на Струга Трим Лум.
Шкупи во претходното коло беше поразен на домашен терен од Вардар со 1:2, и во моментот екипата се наоѓа на четвртото место на табелата со 8 бодови.
Натпреварот ќе се игра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ со почеток од 15:30 часот.