Изминатиов викенд младите категории на ФК Беласица го претставуваа клубот на интернационалниот турнир PaGeo во Неа Перамос – Кавала, Грција.
На турнирот ФК Беласица учествуваше со генерациите 2008/09 и 2010/11. Младите талентирани фудбалери од генерација 2008/09 го освоија првото место, одигрувајќи 8 натпревари, на кои прикажаа одлична игра со одлични погодоци.
Генерација 2010/11 исто така одиграа 8 натпревари, на кои одиграа одлично, со многу погодоци и со доста добри резултати против грчките екипи, освојувајќи го второто место.
„Овој турнир е едно големо искуство за нашите најмлади фудбалски бисери. Честитки до сите фудбалери и тренерот Ѓорги Шопов за освоеното 1во и 2ро место“, истакнаа од ФК Беласица на нивната официјална фејсбук страница.