Академија Пандев утре ќе гостува кај новајлијата во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 6. коло од ПМФЛ.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Јакимовски Дејан од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Димитријевиќ Дејан и Иваноски Бојан од Скопје. За четврт судија на натпреварот е одреден Младеновски Дејан исто така од Скопје.
Делегат на натпреварот ќе биде Шалев Тони од Кавадарци, а контролор е Неделкоски Златко од Скопје.
Натпреварот ќе се игра на градскиот стадион во Струга, утре со почеток од 15:30 часот.