Екипата на ЖФК Тиверија Струмица денес ќе гостува кај ЖФК Љуботен од Тетово во натпревар од 4. коло од Првата женска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се игра на игралиште во с. Јегуновце – Тетово.
По 3. одиграни кола ЖФК Тиверија Струмица се наоѓа на четвртото место на табелата со 6 освоени бодови, додека ЖФК Љуботен е на претпоследното 13. место без ниту еден освоен бод.
Лидер на табелата со максимални 9 бодови е ЖФК Прилеп, кој денес игра против ЖФК Атлетико.
