Се што ви е потребно за прекрасна коса се наоѓа во вашата кујна. Ви претставуваме два едноставни рецепти за маска која ќе ја заздрави вашата коса, ќе поттикне раст и ќе и обезбеди сјај.
Маска од банана
Измешајте две испасирани банани, жолчка и сок од лимон. Смесата нанесете ја на косата и замотајте ја со пластична кеса и пешкир. Оставете ја да делува 30-40 минути, па измијте ја.
Маска од портокал
Помешајте лажица сок од портокал со лажица јогурт. Смесата нанесете ја на косата, замотајте ја главата со пластична кеса и пешкир. Оставете ја да делува 30-40 минути и потоа темело измијте ја.