Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во 3. коло од Првата женска фудбалска лига запиша убедлива победа, откако на домашен терен со 13:0 ја декласираше ЖФК Плачковица од Радовиш.
ЖФК Тиверија важеше за апсолутен фаворит на натпреварот, а тоа го потврди со 13 гола постигнати во мрежата на радовишанки.
По првите три кола, ЖФК Тиверија има скор од 2 победи и еден пораз, и со 6 освоени бодови, се наоѓа на четвртото место на табелата.
Лидер на табелата е ЖФК Прилеп со максимални 9 бода, додека на второто односно третото место се Драгон односно ЖФК Каменица Саса со по 7 бода.
На дното од табелата е ЖФК Плачковица и ЖФК Љуботен без освоени бодови.
Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица ќе гостува кај екипата на ЖФК Љуботен, додека лидерот на табелата ЖФК Прилеп ќе биде домаќин на ЖФК Атлетико.