ФК Тиверија со убедлива победа над Младост Удово

ФК Тиверија од Струмица со убедлива победа ја започна новата сезона во Третата лига – Југоисток, откако во првото коло на гостински терен со 2:4 го декласираше Младост од Удово.

FK_Tiverija.svg

Гостите од Струмица на терен прикажаа поквалитетна игра, која резултираше со сигурна победа и три бода.

Во следното коло Тиверија ќе биде домаќин на Дојранско Езеро од Дојран, додека Младост Удово ќе гостува во Делчево кај екипата на Брегалница – Сениори, која во првото коло беше убеливо надиграна со 5:0 од Слога од Виница.

Comments are closed.