Беласица загуби од Кожуф во 4. коло од Втората лига – Исток

Беласица загуби во 4. коло од Втората лига – Исток од екипата на Кожуф од Гевгелија, со резултат од 1:2.

Беласица - Кожуф - Струмица 4. коло Втора лига - Исток 3

Струмичани по поразот од Кожуф се селат на третата позиција на табелата со 9 освоени бодови, додека Кожуф сега е четврти на табелата со бод помалку.

Лидер на табелата е Брегалница од Штип со 10 бодови, исто колку што има и Тиквеш од Кавадарци. Фудбалерите на Брегалница не ја искористија можноста да се зацврстат на првата позиција, откако во Македонска Каменица одиграа нерешено 2:2 со Каменица Саса. На дното од табелата останува и понатаму Осогово без освоен бод.

Во следното коло Беласица ќе гостува во Радовиш, каде ќе игра против Плачковица, додека Кожуф во Гевгелија ќе игра против Каменица Саса.

 

Comments are closed.