ЖФК Тиверија Струмица утре со почеток од 11:00 часот на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица, во натпревар од 3. коло од Првата женска фудбалска лига, ќе ја пречека екипата на ЖФК Плачковица од Радовиш.
ЖФК Тиверија Струмица во овој натпревар влегува како апсолутен фаворит за победа, поради далеку подобрата екипа и искуство во истата, во однос на ЖФК Плачковица.
Во првите две кола, ЖФК Тиверија Струмица запиша една победа и еден пораз и со три бода е на 6-тото место на табелата, додека ЖФК Плачковица има два порази и е без освоен бод.