Денес беше комплетирано 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Во првиот денешен натпревар кој се одигра во Тетово, шампионот Шкендија ја забележа првата сезонска победа, откако со 3:0 го декласираше Работнички.
Македонија ЃП на свој терен со 3:1 беше сигурна над Борец од Велес, Вардар ја „прегази“ Струга Трим Лум со 3:0, додека Шкупи со минимални 1:0 беше подобар од Силекс.
Вчера беше одигра натпреварот помеѓу Академија Пандев и Ренова, каде „Пандевци“ со 2:0 славеа и останаа лидери на табелата.
Академија Пандев има 13 бодови и е на првото место на табелата, додека Македонија ЃП со 11 бодови е втора на табелата, трет е Вардар со бод помалку. На дното од табелата се Работнички и Силекс со по 3 бода. Борец од Велес е осми на табелата со 4 бода, а исто толку има и Шкендија која е седма на табелата.
Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај Струга Трим Лум, екипа која е на шесттата позиција со 7 бодови.
