Кадетската екипа на РК Астраион од Струмица, учествуваше на турнир во Делчево со екипите на домаќинот РК Делчево, РК Радовиш И РК Вардар Скопје.

На турнирот екипата на РК Вардар од Скопје заврши на првото место, РК Астраион го освои второто место, домаќинот РК Делчево заврши на третото место, додека РК Радовиш беше последен на турнирот.
За најдобар голман на турнирот е прогласен Александар Коцев од екипата на РК Астраион.