Независност, самостојност, самобитност, сувереност… Колку убаво, величествено и гордо звучат овие зборови кои се длабоко вкоренети во големиот ден што денес го славиме. Овој ден за некого беше само недосонуван сон, а јавето на македонската независност имавме среќа да го видиме и почувствуваме токму ние – сведоците на случувањата кои го одбележаа овој историски чин. Овој ден не само што е вреден за паметење и чествување, туку спаѓа во големото тројство на македонскиот времеплов, заедно со Илинден – 1903 и АСНОМ – 1944 година. Можеби токму затоа Денот на независноста на нашата татковина многумина го нарекуваат „третиот Илинден“. – изјави градоналачникот на општина Струмица на денешното чествување.