Утре на “Младост” во Струмица, Беласица ќе ја пречека екипата на Каменица Саса оф Македонска Каменица.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Ивановски Филип од Куманово. Негови помошници ќе бидат Андевски Бојан и Ѓурковски Александар, додека четврт судија ќе биде Тефику Ндерим.
За делегат на натпреварот е одреден Чурлинов Тихо, а контролор ќе биде Николовски Зоран.
Беласица во првите две кола има две победи, додека Саса има пораз и победа.
Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот.