ЖФК Тиверија Струмица во недела ќе гостува кај екипата на Каменица Саса, во натпревар од 2. коло од Првата женска фудбалска лига.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 16:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица. Во првото коло, и двете екипи запишаа убедливи и сигурни победи.
ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен со 14:0 го декласираше ЖФК Кочани, додека ЖФК Каменица Саса на гостински терен со 1:4 го потопи ЖФК Истатов од Дојран.