Фудбалерите на Беласица во сабота ќе ја пречекаат екипата на Каменица Саса од Македонска Каменица, во натпревар од 3. коло од Втората лига – Исток.
Во овој натпревар, домаќините влегуваат како фаворити за победа. Беласица во претходните две кола запиша две победи, додека Саса има еден пораз и една победа.
На врвот на табелата се Беласица и Брегалница со по 6 бода, додека на дното од табелата се Осогово и Плачковица без бодови.