Академија Пандев продолжува со одличните игри во новата сезона од Првата лига, а денес тоа го докажа со нова победа над Работнички со 1:2, на Националната Арена „Тодор Проески“.
„Пандевци“ притискаа во текот на целиот натпревар и имаа голем број на шанси, на крај заслужено ги собраа трите посакувани бодови за да го запоседнат врвот во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички забележа нов пораз, кои им е трет во новата сезона и со само три бодови е на деветтото место на табелата.
Академија Пандев со 10 бодови е прва на табелата, Македонија ЃП со 8 бодови е втора на табелата, додека Ренова со 7 бодови е трета на табелата, но има одиграно натпревар помалку (утрешниот со Вардар).
На дното од табелата е актуелниот шампион Шкендија со само еден освоен бод, Работнички е деветти со 3 бодови, а исто толку има и Силекс кој е осми на табелата.
Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе ја пречека Ренова, додека Работнички ќе гостува кај Шкендија.