Беласица во неделата ќе гостува кај екипата на Победа од Прилеп, во натпревар од 2. коло од Втората лига – Исток.
Натпреварот кој се игра на „Могила“ ќе го суди Бартон Јосип, негови помошници ќе бидат Димитријевиќ Дејан и Путилин Бранко, додека за четврт судија е делегиран Младеновски Дејан. Делегат на натпреварот ќе биде Митев Коле од Кратово, додека Манасиев Горан ќе биде контролор.
Во 1. коло и двете екипи забележаа победи, Беласица со 3:0 го победи Кит-Го Пехчево, додека Победа со 2:1 славеше на свој терен против Саса од Македонска Каменица.
Победа и Беласица минатата сезона се натпреваруваа во Првата лига, но и двете екипи испаднаа од „елитата“, откако Победа завршина на последното 10. место, а Беласица на 9. место на табелата.
Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот.