Првото коло од Купот на Македонија беше комплетирано со вчерашниот натпревар помеѓу Саса и Вардар во Македонска Каменица, каде вардарци со 0:5 славеа убедлива победа.
Вкупно десет прволигашки клубови и шест второлигашки клубови како осминафиналисти ќе се борат за место во четвртфиналето.
Академија Пандев, Силекс, Ренова, Шкупи, Борец, Струга Трим Љум, Работнички, Шкендија , Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница Штип, Пелистер, Тиквеш, Охрид, Лабуништа и Осогово
ФФМ дополнително ќе одреди кога ќе биде извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија.