Екипата на РК Астраион која ќе се натпреварува во Првата машка ракометка лига во Првата група, продолжува со подготовките за новата сезона.
„Подготовките продолжуваат. Утринските тренинзи во теретана, вечерните во сала. Костурот на екипата од претходната година остана исти засилен со бековите Мите Караиванов и Васко Наков. Оваа година ќе се гледа уште подобар ракомет во Струмица“, истакнаа од РК Астраион на нивната официјална страница.