Новата сезона од Првата машка ракометна лига ќе започне на 14 односно 15 септември. Првата ракомента лига ќе биде поделена во две групи, Првата група ќе брои 10 екипи, додека Втората група ќе брои 9 екипи. РК Астраион од Струмица ќе се натпреварува во Првата група.
Во групата на Астраион ќе се натпреваруваат Јуниор К.В., Вардар Неготино, Куманово, Македонија ЃП, Младост 09, Прилеп 2010, РК Алушевски, Риниа М и Текстилец.
Екипата на РК Астраион сезоната ќе ја отвори на гостински терен против РК Младост 09. Во второто коло на домашен терен ќе ја пречекaат екипата на Вардар Неготино, додека во третото коло ракометарите на Астраион ќе гостуваат кај МРК Куманово.
Целиот распоред на РК Астраион можете да го погледнете на следниот линк.