Беласица новата сезона од Втората лига – Исток ја започна со убедливата победа од 3:0 над Кит-Го Пехчево на „Младост“ во Струмица.
Фудбалерите на Беласица одиграа одличен натпревар и обезбедија три бода на стартот од новата сезона.
Победа на домашен терен со 2:1 славеше над Каменица Саса, Плачковица во Радовиш беше поразена од штипска Брегалница, Питу Гули приреди сензација и со 1:3 во Кочани го победи Осогово, а дербито во Гевгелија помеѓу Кожув и Гевгелија заврши нерешено односно 1:1.
Во следното коло Беласица гостува кај Победа, Брегалница на домашен терен ќе игра против Осогово, Каменица Саса ќе биде домаќин на Питу Гули од Крушево, Кит-Го Пехчево ќе игра на свој терен против Кожув Гевгелија, додека Тиквеш во Кавадарци ќе ја пречека Плачковица од Радовиш.