Екипата на Беласица, денес на “Младост” забележа убедлива победа од 3:0 против Кит-Го Пехчево, во натпревар од 1. коло од Втората лига – Исток.

Домаќините уште во првиот дел го решија победникот на натпреварот со водството од 2:0. Во вториот дел од натпреварот беа поставени конечните 3:0.
Брегалница на гостувањето во Радовиш кај Плачковица забележа победа од 2:4, додека Тиквеш од Кавадарци се “лизна” на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, играјќи 1:1.
Питу Гули од Крушево приреди сензација откако со 1:3 славеше над Осогово среде Кочани, а Победа со 2:1 ја победи Саса.
Во следното коло Беласица ќе гостува кај Победа од Прилеп.