Академија Пандев во недела во рамките на 3. коло од Првата лига на “Младост” во Струмица ќе го пречека повратникот во Првата лига, екипата на Борец од Велес.
Главен судија на натпреварот ќе биде Качевски Јован од Струга, негови помошници ќе бидат Грданоски Симон од Струга и Бакрачески Разме од Струга. Четврт судија на натпреварот ќе биде Велевачкоска Ирена од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Игнатов Павле од Пробиштип, а контролор Манојлоски Бранко од Тетово.
Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот.