Овој викенд започнува новата сезона од Првата женска фудбалска лига. 1. коло од ПЖФЛ се отвара со натпреварот помеѓу ЖФК Деспина и ЖФК Љуботен, кој ќе се игра во сабота, додека сите останати натпревари се закажани за во недела.
Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во недела на домашен терен ќе го одигра натпреварот од 1. коло против ЖФК Кочани.
Титулата ја брани екипата на ЖФК Драгон од Скопје. Шампионот во првото коло ќе игра против ЖФК Речица.