Екипата на Тиквеш од Кавадарци амбициозно влегува во новата сезона, со цел да се врати во Првата лига. Минатата сезона кавадаречкиот второлигаш играше бараж натпревар со екипата на Силекс од Кратово, но Тиквеш го загуби баражот, а кратовчани останаа во елитата.
Тиквеш за новата сезона се засили со неколку квалитетни играчи, а за да цел го ангажираше и Емир Скендери, кој доаѓа од прволигашот Академија Пандев од Струмица и ќе игра како позајмен играч во дресот на Тиквеш во претстојната сезона.