Екипата на РК Астраион од Струмица новата сезона ќе ја отвори со гостувањето во Богданци кај екипата на Младост 09.
Ракометарите на Астраион ќе играат во Групата 1 од Првата машка ракометна лига. Оваа група ќе брои 10 екипи, додека Групата 2 ќе брои 9 екипи. Првите 4 екипи од двете групи, односно осумте екипи ќе го формираат плеј офот.
Минатата сезона екипата на РК Астраион се натпреваруваше во Плеј аутот.