„Даниел Миловановиќ денес беше успешно опериран и се надеваме дека конечно е решена повредата на препоните која го мачеше извесен период.
Ова е втор хируршки зафат за неполн месец, по повредата на вкрстените лигаменти на голманот Марко Алчевски.
И на двајцата им посакуваме успешна рехабилитација и брзо враќање на фудбалските терени“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.