Екипата на ЖФК Тиверија Струмица вчера во Битола одигра контролен натпревар против ЖФК Топ Гол од Битола, каде струмичанки забежелаа сигурна победа од 1:4.
Натпреварот се играше во Битола на стадинот „под Тумбе Кафе“, а стрелци на погодоците за ЖФК Тиверија беа Димоска и Николовска со по два погодоци.
Овој натпревар е контрола пред почетокот на новата сезона од Првата женска фудбалска лига.
Состав: Панчурова, Недева, Бошеска, Николова, Бошевска, Ристовска (с), Велкова Р, Велкова С, Божиновска, Димоска, Николовска
Играа уште: Панеска, Головска, Цунева