Фудбалерот на Академија Пандев, Филип Михаилов, од денес е на позајмица во второлигашот од Кочани, екипата на Осогово.
Михаилов ги има поминато сите младински категории на струмичкиот тим, а веќе две сезони е дел од првата екипа.
„Иако е релативно млад играч, Филип има зад себе завидно прволигашко искуство и треба да претставува големо засилување за нашиот тим“, велат од ФК Осогово на нивниот официјален веб портал и додаваат дека кон екипата на Осогово би можело да пристапт уште неколку нови имиња како засилување за новата сезона.