Екипата на Василево покажа убедлива игра на контролниот натпревар кој се одигра во неделата, против младинците на Беласица. Тимот од Василево забележа победа од 6:1 (2:1).
Овој натпревар е контролка за двете екипи пред почетокот на новата сезона. Од ФК Василево истакнаа дека подготовките вродиле со плод, а според очекувањата на шефот на стручниот штаб Андонов, тимот ќе ја подигра формата до почетокот на новата сезона.