ЖФК Тиверија Струмица утре (вторник), ќе одигра два пријателски натпревари во Битола против екипата на ЖФК Топ Гол од Битола.
Првиот пријателски натпревар кој треба да се одигра со почеток од 17:00 часот ќе биде за кадетките, додека од 18:15 часот, е предвидено да се одигра пријателскиот натпревар помеѓу првите тимови на двата клуба.
Овие контролни натпревари се во период на подготовки за клубовите пред почетокот на новата сезона од Првата женска фудбалска лига.