Ракометарите на Астраион од Струмица ги започнаа висинските подготовки за новата сезона во Банско.
На надморска височина од 1500 метри, ракометниот клуб Астраион ќе ја одработи и оваа фаза од подготовките за новата сезона од Првата ракометна лига. Минатата сезона Астраион играше во Првата лига – плеј аут, а во новата сезона клубот влегува со поголеми цели.