Академија Пандев со победа над шампионот Шкендија ја започна сезоната

Академија Пандев со победа над шампионот Шкендија ја започна новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ на „Младост“ дојдоа до минимална победа од 1:0, откако Сашко Пандев даде прекрасен голе од слободен удар за голема радост на струмичани.

Академија Пандев - Шкендија - 1. коло - Младост - Струмица 10

Иако Шкендија во текот на целиот натпревар правеше голем притисок и имаше големи шанси да постигне гол, сепак на крај резултат остана 1:0, а Академија Пандев дојде до трите бода.

Во првото коло, домаќините имаа тотална доминација, откако Ренова со 1:0 на домашен терен славеше над Силекс од Кратово, Шкупи со 2:0 го победи Борец од Велес, а новајлијата во Првата лига, Струга Трим Лум со 2:1 го победи Работнички.

Колото ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварот помеѓу Вардар – Македонија Ѓорче Петров.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај екипата на Македонија ЃП, додека Шкендија ќе гостува во Кратово кај Силекс.

Comments are closed.