Мируваат мрежите на „Младост“ по првите 45. минути од натпреварот меѓу Академија Пандев и Шкендија во првото коло од ПМФЛ.
Гостите од Тетово прават поголем притисок кон голот на „Пандевци“ но не доволно за погодок, а Чубраковиќ е одлично расположен на голот. Пред крајот на првото полувреме, Илиев се повреди и заработи жолт картон.
Главниот судија на натпреварот даде 3 минути продолжение.
На останатите натпревари два гола паднаа во Струга, каде резултат помеѓу Струга Трим Лум – Работнички е 1:1, Ренова на домашен терен води 1:0 против Силекс, Шкупи – Борец 0:0.
