Младинците на Беласица на пријателски натпревар со Василево

Играчите на Василево интензивно работат и се припремаат за новата сезона во Третата лига. Во недела Василево ќе биде домаќин на младинците на Беласица во контролен натпревар помеѓу двете екипи.

Василево - припреми ноќе 09.08.2019

За екипата на Василево оваа ќе биде добар тест за одмерување на силите и кондицијата на фудбалерите. Во клубот од Василево владее добра и позитивна атмосвера помеѓу играчи.

Од Василево информираат дека шефот на стручниот штаб Андонов е задоволен од актуелните подготовки.

Натпреварот ќе се игра во недела со почеток од 18:00 часот.

Comments are closed.