Куп на Македонија: Академија Пандев и Македонија ЃП слободни во првото коло

Во текот на вчерашниот ден се одржа ждрепката за Куп натпреварувањето во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

Во првото коло минатогодишните финалисти Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров се слободни. „Пандевци“ ќе ја бранат титулата, откако во ланското финале ја победија екипата на Македонија ЃП на пенали.

Ждрепката ги даде следниве двојки за првото коло од Купот:

Беласица против Охрид, Фортуна против Силекс, Кожуф ќе игра против прволигашот Ренова, Кравари ќе ги одмери силите со Лабуништа, Саса ќе има тежок натпервар со Вардар, Кит-Го со битолски Пелистер, Црнилиште со Брегалница од Штип, Локомотива со новајлијата во првата лига Струга, Велазерими со Работнички, Љуботен со Тиквеш од Кавадарци, Превалец со велешки Борец, Осогово од Кочани против прилепска Победа, Гостивар со Шкендија и Тетекс ќе игра против Шкупи.

Првите натпревари од овогодишниот Куп ќе се одиграат на 21 август.

Comments are closed.