Академија Пандев втор највреден клуб во државата

Денес и официјално започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, а специјализираната интернет-страница „Трансфермаркт“ објави колку вредат македонските фудбалски клубови.

Akademija Pandev - ekipa

Шампионот Шкендија е највредниот клуб во нашата земја, тетовчани вредат 8,9 милиони евра, Академија Пандев е втор највреден клуб со вредност од 4,48 милиони евра. Трет клуб според вредноста е Вардар, неговата вредност е 4,05 милиони евра.

Шкупи е четврт и неговата вредност изнесува 3,63 милиони евра, додека Македонија Ѓорче Петров има вредност од 2,83 милиони евра. Потоа следуваат Работнички со 2,75 милиони евра, па Силекс од Кратово со 2,55 милиони евра, Ренова со 2,18 милиони евра.

Деветти клуб според вредноста е новајлијата Струга Трим Љум со вредност од 2,08 евра. Борец од Велес ја има најниската вредност во Првата лига од 900.000 евра.

Актуелниот шампион Шкендија од Тетово убедливо е највредниот тим во државата.

Comments are closed.