Академија Пандев – Шкендија со телевизиски пренос, влезот на стадионот ќе биде слободен

Од оваа сезона 2019/20, по два натпревари од секое коло од Првата лига на Македонија ќе бидат во живо пренесувани на каналите Арена Спорт и МТВ.

АРХИВА

АРХИВА

Изборот на телевизиите беше натпреварот Академија Пандев – Шкендија да биде прв натпревар кој ќе биде пренесуван во живот. Натпреварот се игра денес, 17:30 часот.

„Покана до сите љубители на спортот да дојдат на стадионот „Младост“ и со едно коректно и спортско бодрење да ни дадат поддршка. Раководството на Академија Пандев одлучи влезот за овој натпревар да биде слободен!“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница

Comments are closed.