Распоредот на Беласица за есенскиот дел

Новата сезона од Втората лига – Исток и Запад започнува на 24 август.

Беласица сезоната ја отвара на „Младост“ против екипата на Кит-Го од Пехчево. Во второто коло екипата од Струмица ќе гостува кај Победа од Прилеп.

Во третото коло Беласица на домашен терен ќе ја пречека екипата на Каменица Саса, додека во четвртото коло на „Младост“ силите ќе ги одмери со Кожуф од Гевгелија.

Во петтото коло фудбалерите на Беласица ќе гостуваат во Радовиш, каде ќе играат против екипата на Плачковица. Во 6. коло Беласица на „Младост“ ќе игра против повратникот во Втората лига, екипата на Осогово од Кочани.

АРХИВА

АРХИВА

Во 7. коло Беласица ќе гостува кај Питу Гули од Крушево, екипа која се враќа во Втората лига по цели 25 години, додека во осмото коло ќе биде домаќин на големиот ривал Брегалница од Штип.

Во 9. коло Беласица ќе има тешко гостување во Кавадарци кај екипата на Тиквеш, која важи за главен фаворит за влез во Прва лига, а во 10. коло Беласица ќе гостува кај Кит-Го.

Во 11. коло Беласица на домашен терен ќе ја пречека екипата на Победа од Прилеп. Овие две екипи минатата сезона заедно се натпреваруваа во Првата лига, и двете екипи испаднаа од истата. Во 12. коло Беласица ќе гостува во Македонска Каменица кај екипата на Саса, а во 13. коло Беласица ќе гостува во Гевгелија кај Кожуф.

Во последното коло од есенскиот дел, односно во 14. коло, Беласица на домашен терен полусезоната ќе ја затвори против Плачковица од Радовиш.

 

Comments are closed.